Филип Лазаров: Да ја потврдиме победата од Сегед
Ракометарите на Вардар во сабота го играат последниот натпревар од групата Б од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува францускиот тим Монпеље.
На денешниот прес од таборот на Вардар истакнаа:
- Сега е добра ситуација но мораме да победиме со Монпеље. Но мора и Барселона да победи со РНЛ. Монпеље ќе игра тука без притисок. Мислам дека гостите ќе бидат комплетни. Нашата ситуација е добра и треба да го искористиме домашниот терен и со помош на навивачите да стигнеме до победа. Ќе има притисок кај нас но мора да победиме, изјави тренерот Раул Гонзалез.
-Последен натпревар од групната фаза. Квалитетен состав кој ќе игра растеретен и ќе се обидат да не изненадат. Но ние нема да дозволиме изненадување и да направиме серија од три победи и да ја потврдиме победата од Сегед и да ја оствариме целата да го освоиме третата позиција на табелата и со тоа реваншот од осминафиналето да го играме на домашен терен, капитенот Филип Лазаров.
На првиот натпревар Вардар победи на гостувањето во првото коло со 30:25.
Табела: Барселона 21 бод, Киелце 19, Рајн Некар Ловен 17, Вардар 16, ПИК Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен