Фијон нема да се повлече од натпреварот за претседател
Кандидатот на конзервативците за претседателските избори во Франција Франсоа Фијон изјави дека нема да се повлече од натпреварот за функцијата.
На прес-конференција Фијон истакна дека не дејствувал незаконски и подоцна денеска на социјалните мрежи ќе го обелодени неговиот имот.
Тој сепак им се извини на Французите „за неговите грешки“ што ги назначил сопругата и децата како парламентарни соработници.
Фијон неведе дека не гледа причина да ги врати парите, што биле исплатени на сопругата како негов соработник.
- Таа беше на функцијата во период од 15 години и тоа со месечна плата од чисти 3.577 евра што е целосно оправдан надомест за човек со диплома по право и литература, истакна поранешниот премиер.
Објавувајќи дека нема да се откаже од предизборниот натпревар, Фијон изјави дека вечерва започнува нова кампања.
- Јас сум единствениот кандидат кој е способен да постигне национално обновување, заклучи Фијон.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија