ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора.
Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци.
Албанските навивачи за време на натпреварот против Андора „истакнале невкусни пораки со навредлива содржина против Србија и организацијата на Европското првенство за млади во 2027 година“, кое Србија и Албанија заедно ќе го организираат, пренесуваат денеска српските медиуми.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Србија, во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, е закажан за 7 јуни во Тирана.
Ново на Сител
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне