-->
-->
ФИФА го смени „ген-секот“
-->
Французинот Жером Валке е сменет од функцијата генерален секретар на Светската фудбалска организација, ФИФА.
„ФИФА на 9.јануари реши Валке да биде сменет од функцијата генерален секретар. Одлуката веднаш стапува во сила, што значи дека Валке повеќе не е генерален секретар на ФИФА“, се наведува во соопштението на оваа организација.
ФИФА, исто така, соопшти дека вршител на должноста, до избор на нов генерален секретар, ќе ја обавува Маркус Катнер.
Валке кој речиси една деценија беше генерален секретар на ФИФА, во септември минатата година до тримесечна суспензија, а откако минатата недела Етичката комисија на ФИФА отвори истрага против него, суспензијата му беше продолжена на уште 45 дена.
Французинот е обвинет за кршење на шест точки од етичкиот кодекс на ФИФА, вклучувајќи користење на доверливи документи и судир на интереси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер