-->
-->
„Фиат пунто“ се превртело во нива, повредени две девојки
-->
Две 16-годишни девојки се повредени вчера откако возилото марка „Фиат Пунто“ во кое се наоѓале, поради неприлагодена брзина, излетало од патот и неколку пати се превртело во нива.
Според МВР, несреќата се случила во 14:55 часот на патот Делчево - Полето во село Киселица, кај Пеловска маала. Со возилото управувал В.И. (21) од село Полето, Делчевско, кој во еден момент изгубил контрола.
Поради сериозноста на повредите, едно од девојчињата е префрлено воскопскиот Ургентен центар, додека другото е задржано на лекување во Клиничката болница - Штип.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
-
Почина четиримесечно бебе во Гостивар
-
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка
-
Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут
-
Украина загрижена поради наводите дека Северна Кореја и со војници ќе ја поддржи Русија
-
АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска, убиени 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во зоолошката
-
Силен земјотрес ја погоди Грција