Македонија
29. May 2021 - 23:20

ФФМ попушти, на Европско со стариот дрес

Претседателот на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини објави фотографија со македонскиот дрес во жолто – црвена боја на која пишува „Фудбал се игра за фановите“, „Одиме на Европско. Напред Македонија!“

Оваа негова порака доаѓа по реакциите и онлајн петицијата зад која застанаа многу навивачи, но и капитенот Горан Пандев испрати порака со стариот македонски дрес.

Петиција насловена „Македонија на ЕП во старите дресови!“ осамна на интернет откако ФФМ вчера ги претстави новите дресови за дебитантскиот настап на македонските фудбалери на Еуро 2020, предизвикувајќи поделени реакции во јавноста. Критики особено предизвика повлекувањето на традиционалниот црвено-жолт дрес и негова замена со редизајн во бордо боја.