Фестивал на младо вино во винаријата „Тиквеш“
Во винаријата „Тиквеш“, традиционално по шести пат се одржа Фестивалот на младо вино. Во годината кога винарницата слави 130 години традиција, како што кажа генералниот директор Игор Илиевски, „Тиквеш“ го продолжува континуитетот во производство на врвни вина.
- Тоа секако ни дава можност следната година да продолжиме со агресивна извозна промоција на македонското вино во светот, кое оваа година беше презентирано во неколку различни европски земји, нагласи Илиевски.
На новинарско прашање тој објасни дека годинава беа обезбедени над 25 илјади тони грозје.
- Посебно сме горди што во оној микро дел каде грозјето се бере во мали гајби и се преработува зрно по зрно, успеавме да преработиме дури 4 илјади килограми, што е одлична можност за производство на врвни вина. Иновациите се исто така дел од нашата деловна стратегија, рече директорот.
Тој информира дека извозот е императив на винарницата и оти од година во година се зголемува бројот на земји во кои извезуваат вино. Според него, „Тиквеш” е еден од моторите на развојот на винарството во регионот”, а тука е и пошироката презентација на винаријата на пошироката светска сцена.
- Оној висок квалитет што го негуваме со години го обезбедивме и годинава. Тој ни е основа за прилично амбициозни планови за ширење на нашето присуство во различни земји. Прво се настапува со врвните вина, а потоа како се шири понудата, се шири и на другите слоеви на пазарот, додаде Илиевски.
Тој нагласи дека просечната цена на откуп на грозје која се постигнува при откупот овде, секогаш е нешто повисока од договорената меѓу лозарите и винарите. Со кооперантите, ккао што рече, имаат долгорочни односи и квалитетот секогаш го наградуваат. Откри дека посебни бонуси добиваат кооперантите кои го организираат производството на грозје согласно на препораките од винаријата. Така за одредени сорти на грозје и одредени количини се добиваат и до 50 проценти повисоки цени од договорените.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО