Фестивал на древна римска култура „Scupini Romani“
Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ е организатор на првиот Фестивал на древна римска култура „Scupini Romani“ (Римјани од Скупи) кој ќе се одржи денеска од 10 до 16 часот на просторот во комплексот „Ореов лад“ во Скопје.
Фестивалот ќе прикаже реконструирана римска населба и ќе го отслика секојдневието на Римјаните кои во антиката живееле на овие простори - ќе може да се дегустира храна од тоа време (јадења со мед, ореви, лешници, растителни паштети, римски леб направен со козјо сирење, вино...) послужена во садови од керамика. Ќе бидат презентирани и рачно изработени предмети инспирирани од оригиналните најдени на територијата на Македонија, најмногу од локалитетот Скупи кај Скопје, кои се чуваат во музеите.
Организаторите ќе носат накит и автентична облека (тога, хитон, туника...) изработена од модната дизајнерка Магдалена Таневска, главно од волна и лен - како што користеле и Римјаните. Посетителите ќе може да пробаат од храната, да купат сувенир и да се фотографираат во римска облека.
Идејата за ваков фестивал постоела четири години, односно од основањето на „Хаемус“, а интензивно го подготвувале во изминатите десет месеци.
Василка Димитровска, археолог и директор на „Хаемус“, на прес-конференција рече дека Македонија има богато културно наследство од римскиот период и затоа сакале да направат настан каде посетителите ќе се вратат назад во времето и ќе ѕирнат за момент како изгледал секојдневниот живот на старите Римјани - каква мода имале, каков накит носеле, од какви садови јаделе, на кој начин ја подготвувале храната и какви занаети практикувале.
Во импровизираната римска населба ќе има работилници за керамика, накит, плетење, изработка на мозаик, римски фризури и обработка на метал, и секоја од нив ќе ја води стручњак во областа, а на фестивалот ќе бидат одржани и предавања на соодветни теми.
Во организацијата на „Scupini Romani“ се вклучени и археолози од познатиот и многу посетен Археолошки парк „Виминациум“ во североисточна Србија, кој е еден од најголемите локалитети од римскиот период на Балканот. Партнерите од „Виминациум“ ќе помогнат во ревијата на римска облека и во реконструкцијата на римска храна.
„Scupini Romani“ има и своја веб-страница www.scupiniromani.mk. Билети за фестивалот може да се купат во туристичката агенција „Арботравел“ во ТЦ Буњаковец.
Ново на Сител
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис