-->
-->
Фергусон: Ливерпул може до прва титула во ПЛ
-->
Сер Алекс Фергусон, најуспешниот менаџер во историјата на Манчестер Јунајтед и еден од најуспешните тренери во фудбалската историја, оцени дека Ливерпул е еден од најсериозни кандидати за освојување на титулата во Премиерлигата со што еден од најтрофејните англиски клубови ќе може за првпат да триумфира во Англија откако е формирана Премиер лигата во 1992 година со одлука на клубовите од тогашната Прва фудбалска дивизија.
Ливерпул титула чека уште од сезоната 1989/90, најблиску до прекинување на долгогодишниот пост „црвените“ беа во сезоната 2013/2014, но тогаш титулата ја загубија во последните две кола.
Тековното првенство повоторно ги оживеа шампионските амбиции на тимот од „Енфилд“, кој по девет кола ја дели првата позиција заедно со Арсенал и Манчестер Сити.
„Ливерпул во последните две децении менуваше менаџери, а не го градеше својот идентитет. Сега може да се почувствува дека оваа сезона морате да ги вброите во најсериозните кандидати за титулата“, изјавил Фергусон за германски „Кикер“.
Ливерпул, првата сезона под водство на Јирген Клоп ја заврши на осмата позиција на табелата и загуби две финалиња од Манчестер Сити (Лига куп) и Севилја (Лига Европа).
Сезонава, во првите девет кола, Ливерпул одигра четири натпревари со директните конкуренти и не загуби натпревари. Тимот на Клоп, во Лондон ги победи Арсенал и Челзи, а одигра нерешено со Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Во наредното коло Ливерпул ќе му гостува на Кристал Палас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот
-
Преглед на вести од светот
-
Престрелка во Батинци - Убиен 34 годишен маж
-
Преглед на вестите од светот
-
Има ли можност за нови преговори со Бугарија?