Фудбал
30. September 2020 - 17:37

Ференцварош ќе игра во ЛШ за прв пат од 1995 година, ова е најдолга пауза меѓу два настапа

Унгарски Ференцварош се пласираше во групната фаза во фудбалската Лига на шампионите, каде што ќе игра за прв пат по сезоната 1995/96.

Во плејоф рундата, унгарскиот клуб, го мина норвешкиот Молде (3:3, 0:0).

Така, Ференцварош ќе игра во групната фаза 25 години по дебитантскиот настап на главната ждрепка во Лигата на шампионите. Ова е најдолгата пауза помеѓу првиот и вториот настап во историјата на турнирот.