Феникс Санс го отпуштија Буденхолцер по разочарувачката сезона
Кошаркарскиот стручњак Мајк Буденхолцер доби отказ од Феникс Санс, пренесува доверливиот НБА инсајдер, Шамс Шаранија.
Одлуката на клубот доаѓа по разочарувачката сезона во која Санс не ги исполнија големите очекувања. Тимот од Аризона, лигашкиот дел од шампионатот го заврши на 11. место со скор 36-40, што е девет победи помалку од лани.
За потсетување, стратегот ветеран водеше тимови со големи играчи, како Кевин Дурент, Девин Букер и Бредли Бил, но резултатите не ги оправдаа големите очекувања.
Раководството на „сонцата“ се уште нема соопштено кој би можел да биде нов тренер. Треба да се напомене дека Буденхолцер на почетокот на сезоната доби договор вреден 50 милиони, со времетраење од пет години.
На стартот од натпреварувачката година, искусниот стратег ја доби работата откако Френк Фогел доби отказ и беше елиминиран во првата рунда од плеј-офот. И овој пат Феникс не се прослави...
Буденхолцер е најпознат како тренер на Милвоки Бакс, со кој освои шампионски прстен во 2021. Исто така, како помошник помина 17 години на клупата на Сан Антонио Спарс. Тој ги водеше и Атланта Хокс.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот