„Фејсбук“ ja прошири забраната за говор на омраза на ,,бели националисти и сепаратисти”
Компанијата „Фејсбук“ ја прошири својата дефиниција на говорот на омраза на „бели националисти и сепаратисти”.Компанијата претходно им дозволуваше на овие групи да објавуваат преку социјалната мрежа, иако одамна ги забрани ,,белите супрематисти”.
Во блог објавен денеска, социјалната мрежа соопшти дека претходно ги поврзувала изразите бел национализам за поширок концепт на национализам и сепаратизам, како што е америкаското „прајд” движење или баскискиот сепаратизам, кои и понатаму се дозволени.
Групите за одбрана на граѓанските права и академските кругови сметаат дека тој поглед е погрешен и вршат притисок на „Фејсбук“ да го промени ставот. „Фејсбук“ објави дека е заклучено по повеќе месеци разговори со нив дека белиот национализам и сепаратизам не можат да се одвојат од белата супрематија и организирани групи на омраза.
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ