-->
-->
„Фејсбук“ го укинува „Месинџер“
-->
По пет години од осамостојувањето на апликацијата „Месинџер“, таа се враќа во рамките на апликацијата „Фејсбук“. До „Месинџер“ ќе се пристапува преку познатото копче, но нема да се отвора посебна апликација, туку корисниците ќе се допишуваат во самата апликација „Фејсбук“ на „Андроид“ и iOS системите.
Промената веќе се тестира на профилите на некои корисници низ светот, кои се и извор на овие вести. Не е познато кога оваа промена, односно вградувањето на „Месинџер“ во „Фејсбук“ ќе важи за сите корисници, но тоа е нешто што е извесно.
Се претпоставува дека корисниците што ќе сакаат да го користат автономниот „Месинџер“ ќе можат да го прават тоа, но не се знае до кога, односно дали самостојната апликација некогаш ќе биде отстранета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП