Loading Video...
Свет
30. May 2020 - 16:35

Фејсбук блокирал креатори на лажни вести од Македонија и Филипините

Фејсбук блокираше креатори на лажни вести од Македонија и Филипините со образложение дека од овие две држави најчесто се пласираат дезинформации во врска со коронавирусот.
Вестите изобилувале со лажни тврдења дека коронавирусот е дел од владини заговори за контрола на населението преку вакцини. Дезинформациите се и во насока на тоа дека со носење маска на лицето се зголемува ризикот за зараза од вирусот.
Од Фејсбук тврдат дека континуирано се објавувале дезинформации против вакцина, која штити од Ковид-19, но и против 5Г мрежата.
Информираат дека ги блокирале овие страници бидејќи објавувале дезинформации со цел поголема популарност, а со тоа ги доведувале луѓето во заблуда.

Дел од странските реномирани онлајн весници ја корегираа првичната верзија за земјата каде оперираат креаторите на лажни вести. Тоа е Северна Македонија, пишува во исправката, а не Македонија.

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 6 милиони, а починале скоро 367.000 луѓе. Во САД се регистрирани речиси една третина од вкупниот број заразени на светско ниво. Следуваат Бразил, Русија, Шпанија, Велика Британија и Италија.

Но, државите постепено се враќаат во нормала, па Италија, која важи за едно од европските жаришта, од 3 јуни ги отвора внатрешните граници и овозможува движење меѓу дваесетте италијански региони бидејќи тамошните здравствени власти сметаат дека  ситуацијата е под контрола.

Границите од почетокот на идниот месец голем број европски држави ги отвараат границите, но поради претпазливост најпрво патници ќе може слободно да се движат во своите соседни држави, а во подоцнежна фаза се очекува и целосно да се отворат границите. Но, секаде остануваат препораките за задолжително носење маска и одржување дистанца.