Тенис
11. April 2016 - 19:26

Фед куп: Македонија без Ѓорческа

Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ги почнува мечевите во рамките на третата евро-африканска зона на Фед купот што се играат во Улцињ.
 
Македонија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Република Ирска, Ерменија и Исланд. Во Улцињ 17 селекции се поделени во четири групи.
 
За Македонија поради настапот на фјучрсот во Истанбул нема да настапи нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, а според тоа селекторот Дејан Маринковиќ се реши за  тенисерки Магдалена Стоилковска (20), Катарина Маринковиќ (16), Нора Христовска (15) и Елена Јанкуловска (15).
 
Во првото коло од групата Македонија утре игра против Ерменија, а во среда противник ни е селекцијата на Република Исрка. По слободниот ден во четврток, во петок во третиот меч од групата Македонија ќе игра против Исланд. За борбата за пласман нашата селеција ќе разигрува со една од селекциите во групата Д Црна Гора, Косово, Норвешка, Мароко и Мозамбик.