Свет
25. September 2017 - 21:23

ФБИ: Стапката на криминал во САД е зголемена за 3,4 отсто во 2016

Стапката на криминал во САД е зголемена за 3,4 отсто во 2016 година, највисока во изминатите 25 години, соопшти ФБИ. 

Бројот на убиства на федерално ниво е зголемен за 7,9 отсто, а исто така зголемено е и нивото на случаи на силување, кражби и напади на годишно ниво.

Насилните криминални дела во 2015 и 2016 година во САД укажуваат на највисоко ниво на криминал од 1991 година, нагласува ФБИ.