ФБИ нуди 10 милиони долари за поранешен канадски олимпиец кој станал наркобос
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави награда од 10 милиони долари за информации што би довеле до апсење на поранешниот канадски олимписки спортист Рајан Вединг, кој е осомничен дека станал меѓународен наркобос, објави „Гардијан“.
Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека Вединг, познат како „Ел Џефе“ и „Џин“, е баран поради неговата улога во прекугранична операција за трговија со дрога вредна една милијарда долари, како и за неколку убиства поврзани со неговата криминална мрежа.
Американските власти наведуваат дека Вединг, кој се наоѓа на листата на 10 најбарани бегалци на ФБИ, најверојатно се крие во Мексико под заштита на наркокартелот Синалоа.
Заменик-шефот на полицијата во Лос Анџелес, Алан Хамилтон, изјави дека зголемената награда е сигнал дека „Вединг нема каде да се сокрие“.
Рајан Вединг (43) израснал во Тандер Беј, Онтарио, а во 2002 година настапи за Канада на Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити, освојувајќи го 24. место во паралелен велеслалом во сноуборд.
Во 2010 година беше осуден на четири години затвор за трговија со дрога, откако се обидел да купи кокаин од агент на американската влада.
Минатата година Министерството за правда на САД го обвини Вединг за раководење со криминална група што шверцувала кокаин и извршувала убиства, вклучувајќи и цивили.
Според полицијата, неговата мрежа пренесувала пет метрички тони фентанил месечно во американски и канадски градови.
Од 16 осомничени членови на оваа криминална организација, Вединг и уште еден соработник сè уште се во бегство.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите