Фаучи: Се надевам дека ФДА наскоро трајно ќе ги одобри вакцините против Ковид-19
Главниот експерт за заразни болести на американската Влада, д -р Ентони Фаучи најави дека до крајот на месецот, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ќе издаде конечно, трајно одобрување за вакцини против коронавирусот.
Фаучи истакна дека таквиот потег може да го охрабри голем број граѓани да се вакцинираат, особено во училиштата и универзитетите.
ФДА одобри вакцини од Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон само за итна употреба, но се очекува овие препарати наскоро да добијат постојана лиценца.
Администрацијата на Бајден изјави дека вакцинацијата не е задолжителна освен вработените во федералните институции, но Белата куќа упати апел до федералните и локалните власти, како и компаниите, да размислат за донесување слични одлуки.
Д-р Фаучи, кој е главен медицински советник на претседателот Бајден, рече дека „мора да се преземат чекори на локално ниво“ за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
– Се надевам, не предвидувам, само се надевам дека тоа ќе се случи во следните неколку недели и се надевам дека ќе биде во август, посочи Фаучи, зборувајќи за трајното одобрување на вакцините од ФДА.
Ново на Сител
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ