-->
-->
Фаучи: Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта
-->
Делта варијантата на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи.
– Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта, нагласи Фаучи, додавајќи дека тој вид станува глобално доминантна верзија што предизвикува посериозна клиничка слика кај пациентите.
Фаучи потсети дека вакцините одобрени во САД, вклучувајќи ја и вакцината Фајзер/Бинтек, се ефикасни против тој сој.
– Имаме алатки и мора да ги користимеза да го спречиме новото ширење на вирусот, рече Фаучи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти