Живот
4. November 2015 - 14:34

Фатена во незгодна поза од камерите на „Гугл“

Една Холандѓанка заврши на „ Гугл Мапс “, бидејќи камерата на „ Гугл стрит вју “ ја снимила додека уринира зад едно ѕидче со цигара во раката.

Оваа засега неидентификувана жена е снимена додека најверојатно била под дејство на алкохол, бидејќи воопшто не забележала дека камерата ја снима.

Таа на себе носела фармерки, маичка и темни наочари и потполно без срам уринирала среде бел ден.

„ Гугл “ реагирал и го замаглил лицето на жената, но некој пред нивната реакција веќе направил принтскрин без замагленото лице.