Фатен во прељуба на најлош можен начин: Овој несреќник буквално се заглави во љубовницата
Маж од Нигерија и неговата љубовница изнајмиле соба во хотел во градот Китале за малку да се „забавуваат“.
Но, се тргнало на лошто, зошто неговиот пенис се заглавил во нејзината вагина.
Гостите во соседните соби ги слушнале врисоците и повикале полиција. Кога утврдиле што се случило, полицајците повикале лекари за да го раздвојат страстниот пар.
Околу хотелот од кој ги изнеле љубовниците се собрала љубопитна толпа, а полициајта морала да испука и неколку куршуми во воздух за да ги истера.
Оваа нигериска двојка најверојатно е жртва на редок случај кој се нарекува „пенис каптивус“. Тоа се случува кога мускулите на вагината го стегаат пенисот посилно од вообичаеното.
Не е прв вакво случај, зошто нешто слично се случи и пред две години кога маж водеше љубов со мажена жена. Нејзиниот сопруг наводно се посомневал дека го мами па на локалниот врач му наредил да ги проколне нејзините гениталии. Истиот тој врач наводно подоцна и ги раздвојувал.
Човекот наводно во Китале дошол деловно, а сопругата му останала во градот каде живеат. Таа тврди дека мажот ја мами со жена на која и изнајмува стан. Поради тоа дури и најмила врач да ги следи и да се обиде да им ја растури врската, пишува Дејли Мејл.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект