Фановите се простија од брутално убиената пејачка: Почивај во мир убав ангелу!
Пејачката на „Гранд“ Јелена Марјановиќ Крсмановиќ чие безживотно тело е пронајдено во населбата Црвенка во Борча имаше бројни фанови кои се погодени од оваа трагична вест.
По повод трагичната смрт на пејачката се огласија нејзините бројни колеги и фанови.
Пријатлите и колегите и натаму се во шок и веста ја примија со неверување, а многумина преку социјалните мрежи испратија сочуство до семејството на почината Јелена.
На профилите на пејачката на социјалните мрежи голем број фанови го изразија своето жалење. Иако е убиена на брутален начин, нејзините обожаватели пишуваат дека никогаш нема да го заборават ангелот со прекрасен глас.
-Тага, сочуство до семејството! Нека и е лесна земјата и нега Бог му даде сила на нејзиното семејство да го преживее ова. Почивај во мир убав ангелу. Каде води овој свет кога повеќе ни среде бел ден не сме сигурни...страшно! Убавице, душата ме боли за тебе. Беше многу драга личност, а верувам и мајка и сопруга, се само некои од бројните коментари на социјалните мрежи.
Фановите на Јелена истота така во чест на пејачката отворија и посебна страница на Фејсбук по името „R.I.P. Jelena Jeca Krsmanović".
Ново на Сител
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци