Свет
4. May 2016 - 12:00

Фајненшл тајмс: Казна од 250.000 евра по бегалец доколку се одбие нивно прифаќање

Европските земји кои ќе одбијат да преземат дел од товарот од бегалската криза ќе мора да платат околу 250.000 евра по бегалец, објавија „Фајненшл тајмс“ и „Политико“, нагласувајќи дека тоа е предвидено со новиот предлог на Европската комисија, кој денеска ќе биде претставен.

Станува збор за казнена одредба, што е еден од најспорните делови на предложената измена од „Даблинскиот систем“, истакнаа неименувани европски претставници.

Постои можност за оваа мерка да се расправа и во следните денови и одредбата да биде изменета.

„Политико“ исто така укажува дека европските земји, кои ќе одбијат соработка, ќе мора скапо да платат.