Живот
21. September 2021 - 12:48

Фабрика за играчки во Германија направи мече во чест на Меркел

Германскиот произведувач на играчки „Hermann-Spielwaren“ произвел кадифено мече во чест на германската канцеларка Ангела Меркел, која заминува од функцијата по 16 години.

Фабриката која се наоѓа во баварскиот град Кобург, претстави играчка долга 40 центиметри која во ликот потсетува на Меркел. Тоа пред се се однесува на фризурата на канцеларката, а шепите на мечето можат да се постават во положба позната како „Merkel Romb“.

Истата фабрика претходно произведе мечиња кои потсетуваат на поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и британската кралица Елизабета Втора.

 

Ќе бидат произведени само 500 примероци од „мечето Меркел“, а истото ќе се продава по цена од 189 евра. Шестнаесеттиот произведен примерок ќе ѝ биде подарен на канцеларката.