Loading Video...
Ф1
20. April 2020 - 15:43

Ф1: Силверстон подготвен да организира две-три трки редоследно

Се посериозни се и плановите да се започне новата сезона во Формула 1 шампионатот. 
 
Откако излегоа информациите дека раководните луѓе на Формула 1 размислуваат за старт на новата сезона и тоа на почетокот на јули месец (5-ти), и тоа со две трки кои би се одржале во Мелбурн, Австралија, денеска се огласија и Англичаните, односно организаторот на трката на Силверстон. 
 
Деновиве беше најавена и опцијата Англичаните  да бидат организатори уште на една или две трки и тоа последователни трки, разбирливо, покрај вообичаеното британско Гранд-при. 
 
Тие во моментов разговараат за предлогот со Формула 1.
 
Директорот на трката на Силверстон, Стјуарт Прингл, изјави дека планирањето и подготовките се веќе во тек, и дека се разговата со Формула 1. 
 
Тоа би било подвиг и би го внел Силверстон во историјата како прв домаќин што би организирал две-три последователни трки. 
 
Неофицијално, трките на Силверстон би се одржале во период од само еден месец, но повеќе од јасно е дека, најверојатно, кога и да започне Формула 1 шампионатот по се изгледа годинава ќе мине без присуство на публика.