Loading Video...
Ф1
17. April 2020 - 19:51

Ф-1: Старт на сезоната на 5.јули

Се понестрпливи се љубителите на големите брзини кои се надеваа дека новата сезона во Формула еден ќе стартува во месец мај. Можеби уште малку ќе причекаат но трки ќе се возат најавија од ФИА каде го одредија 5. Јули за стартен датум на новиот шампионат.

            Како што е најавено прва би се одржала трката за ГН на Австрија на Ред бул ринг и она што е интересно првите неколку трки би биле на кратки патеки.  По Австриското би следувале две трки на британско тло и тоа на легендарниот Силверстоун. 

          Како што објави Би Би Си надеж за старт на сезоната дава олабавувањето на карантинот во Австрија каде успешно трае битката со Ковид 19.  За таа цел во четвртокот се одржал видео – состанок меѓу тимовите, ФИА и либерти медија на кои се разговарало за плановите за спас на сезоната.  Првата трка на патеката Ред Бул сигурно ќе се вози без публика исто како и трките во Англија. Со возење две трки на Силверстоун тимовите би заштедиле пари а така и полесно би се исполнила бројката од 10 трки за да се прогласи светски шампионат.