-->
-->
Ф-1: Сефте победа за Леклер
-->
Возачот на Ферари, Шарл Леклер триумфираше на денешната трка за Големата награда на Белгија штп се возеше на патеката „Спа“. Тоа за него беше прва победа во Ф1 трките.
Леклер од почеток до крај беше на чело на трката и успеа да одолее на притисокот на шампионот Луис Хамилтон.
Французинот победата на трката во Белгија му ја посвети на својот трагично загинат колега, Антоан Убер кој вчера настрада на истата патека возејќи во трка од Формула 2 натпреварувањето.
Зад Леклер на подиумот се најде Луис Хамилтон со половина секунда задоцнување, а трет трката на „Спа“ ја заврши Валтери Ботас од Мерцедес.
Четвртата позиција му припадна на Себастијан Фетел од Ферари.
На денешната трка бодови освоија уште и Албон , Перез, Квјат, Хулкенберг, Гасли и Строл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море