Македонија
3. December 2022 - 16:37

Езерската трска да се заштити со закон бараат екологистите

Езерската трска да добие законски статус на посебен заштитен вид во Охридското езеро бараат добрите познавачи. Сечењето и палењето на трската е редовна појава на охридското и струшкото крајбрежје и тоа најчесто за  бетонирање на брегот, изградба на плажи и хотелски комплекси. Од Хидробилошкиот Завод  посочуваат дека ова значајно растение за живиот свет се уништува повеќе од пет децении.

Во рамките на проектот „Мапирање и управување со трската на Охридското езеро“ се направени истражувања на појасот на трската на седум локации на езерскиот брег.

Резултатите од последното истражувања во 2022 година со оние од пред 10 години покажуваат дека најкритично е на појасот на трската на потегот Љубаништа-Свети Наум каде испитувањата покажале дека е се намалена за околу 1 хектар додека на другите места или има зголемување или нема никакви промени .