Бизнис
23. January 2020 - 16:46

Евростат: Секое трето семејство во Македонија не може да ги подмири сметките

Македонските домаќинства први на листата со финансиски проблеми за плаќање на режиските трошоци.

Секое трето домаќинство во земјава  не може редовно да си ги плати сметките за комуналии. Европското статистичко биро Евростат пресмета дека речиси 37% или 209 илјади домаќинства  имаат финансиски  проблем редовно да платат за електрична енергија, парно греење и  вода. Истражувањето се  однесува за 2018 та година, кога процентот е намален во однос  на изминатите години , кога надминувал и над 40%.

Сепак, Македонија е со најлош процент во однос на земјите кои се и не се членки на Унијата.

Најголем проблем со плаќање режиски трошоци од земјите членки на Унијата има Грција . Таму скоро 36% немаат пари редовно да платат, веднаш зад нив се Бугарите , со 30%, и хрватите , каде 17,5% од домаќинства имаа проблем во последните 12 месеци со подмирување на режиските трошоци.

Ваков проблем речиси и да немаат жителите на Холандија, Австрија, Чешка и Шведска . Таму само 2 отсто од домаќинства не можат редовно да си ги подмират сметките.

Според истражувањето на Евростат, на ниво на ЕУ, речиси 7% од домаќинствата имаат проблем со редовно плаќање сметки,. Овој процент е двојно повисок – 14% кај  семејствата со еден родител и најмалку едно дете .Домаќинстава со 2 или тројца возрасни и неколку деца кои не можат навреме да плата  изнесуваа 11%.а само 3% од повозрасните, односно семејствата со 2 возрасни, од кои едниот е над 65 години имаат  со навременото подмирување на обврските.