Европскиот суд ја одби жалбата за уставниот референдум во Турција
Евроскиот суд за човекови права денеска ја отфрли жалбата на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за резултатите од референдумот за промена на Уставот на Турција, со што се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.
Судот оцени дека жалбата не е во согласност со одредбите од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи и ја отфрли како неоснована.
ЦХП во жалбата бараше поништување на резултатите од референдумот со образложение дека имало „некоректно пребројување на гласовите“.
Европскиот суд нагласи дека ваквите прашања, кои се однесуваат на резултати од референдуми или избори за законодавната власт, не се во негова надлежност.
На референдумот за уставните реформи, одржан на 16 април, 51,4 отсто од турските избирачи што го искористија своето гласачко право ги поддржаа амандамните на Уставот, со кои практично Турција се трансформира од парламентарна во претседателска држава.
Опозицијата ги оспори резултатите, поради одлуката на турската Централна изборна комисија да ги признае како валидни и гласачките ливчиања на кои ги немало со закон предвидените печати.
Врходвниот суд на Турција кон крајот на април ги одби приговорите на ЦХП, по што партијата поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права.
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко