Европскиот совет го усвои заклучокот за Дијалогот Белград – Приштина
Во заклучоците од првиот ден од Самитот, лидерите на Еверопска Унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, што беше постигнат преку Дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.
Во заклучоците по средбата, во точката број 25, што се однесува на Белград и Приштина, е наведено дека договорот е постигнат како составен дел од нивниот европски пат. Двете страни се повикани да ги спроведат своите обврски целисходно и со добра волја.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и оти ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.
Во Охрид, каде што на 18 март се одржа средба во рамките на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека ќе ги извести министрите за дискусиите што се воделе и дека истото ќе го стори и на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ.
Ново на Сител
-
Левица: Меџити одлучи Mакедонците да плаќаат за лекување на граѓаните на Косово и Aлбанија
-
Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија
-
Приведен надрилекар во гостиварско | ФОТО
-
Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
-
Кривична за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба
-
Поднесен обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство
-
Украина тврди дека пресретнала повик што докажува дека Русија је разнела браната Каховка