Европскиот парламент го призна Гуаидо за претседател на Венецуела
Европскиот парламент усвои резолуција со која го признава Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела, јави дописничката на МИА од Брисел.
Резолуцијата е поднесена од страна на Европската народна партија (ЕПП) и со неа се повикуваат земјите членки на ЕУ и другите институции на Унијата да го сторат истото, сѐ додека не се одржат фер и транспарентни избори во Венецуела.
– Од Европа можеме да помогнеме да се смени режимот во Венецуела, оние кои протестираат во Венецуела не се Европејци, но се борат за истите вредности за кои и ние се бориме, рече потпретседателот на ЕПП, Естебан Гонзалес Понс.
Европскиот парламент со ова станува првата ЕУ институција која го признава Гуаидо како легитимен претседател.
– ЕП сега очекува од другите институции во ЕУ да заземат „едногласна и силна“ позиција по ова прашање, порача претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, по гласањето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?