Европскиот Парламент бара крај на насилството против Рохингите
Со 546 гласа за, 12 против и 94 воздржани, европските пратеници се изјаснија за резолуција со која остро се осудува насилството и прогонот на Рохинџите, муслиманското малцинство во Бурма.
Пратениците ја повикаа владата на Анг Сан Су Чи, некогашна хероина на отпорот против режимот на Мјанмар и добитничка на Нобеловата награда за мир, а сега премиерка на државата, веднаш да им стави крај на масакрите и силувањата на кои се жртва Рохинџите.
Европарламентот во својата резолуција бара веднаш да им се даде целосен пристап на меѓународните набљудувачи за да можат да се спроведат транспарентни истраги за нарушувањето на човековите права во Бурма.
- Властите во Бурма мораат да ги признаат Рохингите како целосни државјани, вклучително и уставни права кои произлегуваат од тоа.
Рохинџите се мета на прогон и насилство со години од страна на властите во Бурма. За Обединетите Нации станува збор за геноцид и воени злосторства.
Европскиот Парламент под итно бара од властите да им обезбедат право на раселените Муслимани Бурма да се вратат во својата земја.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати