Спорт плус
1. October 2017 - 21:53

Европската титула за одбојкарките на Србија

Женската одбојкарска репрезентација по вторпат во својата историја ја освојува титула европски шампион. Вечерва во финалето на шампионатот што се играше (завршница) во Азербејџан (Баку) Србија ја победи Холандија со 3-1 во сетови (25:20; 25:22; 18:25 и 25:18). Србија првата титула европски шампион ја освои 2011 година во Белград.
 
Призанието МВП на шампионатот и припадна на 20-годишната репрезентативка на Србија Тијана Бошковиќ.
 
Во натпреварот за бронзениот медал Турција го совлада домаќинот Азербејџан со 3:1 во сетови.