Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди Европската комисија во извештај објавен денеска.
– ЕУ е соочена со сериозни структурни предизвици кои го загрозуваат нашиот долгорочен просперитет, рече еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис. – Потребна е итна акција, предупреди тој.
Целта на извештајот е рано откривање и справување со ваквите прашања. Проценетите индикатори вклучуваат стапка на невработеност, нивоа на долг, кредити и цени на имотот.
Макроекономската нерамнотежа во една земја на ЕУ – на пример висок дефицит на тековната сметка или балон на недвижности – може да има дополнителни ефекти врз другите земји-членки.
Според Комисијата, невообичаено високата инфлација во последните години, вклучувајќи ги и зголемените трошоци за работна сила и цените на имотот, го зедоа својот данок.
Покрај Германија, која долго време се сметаше за центар за моќ во Европа, во 2025 година поблиску ќе бидат анализирани и Кипар, Грција, Италија, Унгарија, Естонија, Романија, Словачка, Шведска и Холандија.
Ново на Сител
-
Ливерпул го совлада Тотенхем во дерби со девет голови
-
Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина
-
Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Северна Македонија и Турција да достигне две милијарди долари
-
Состојба на патиштата
-
Министерствата за животна средина и за енергетика ќе објават детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот
-
Облачно и студено со врнежи од дожд и снег
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ