-->
-->
Европската комисија го почитува резултатот од референдумот во Грција
-->
Европската комисија го зема предвид и го почитува резултатот од референдумот во Грција, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во соопштението лиферувано синоќа од неформалната Влада на Европската унија, а по силното „не“ на грчкиот народ искажан на референдумот за прифаќање на мерките за штедење од меѓународните кредитори, се наведува и дека претседателот Жан-Клод Јункер, синоќа и во текот на утрешниот ден ќе се консултира со демократски избраните водачи на другите 18 земји-членки на еврозоната, како и со раководителите на институциите на ЕУ.
- Во понеделник наутро, тој ќе оствари конференциска врска меѓу
"Евро-институциите" (со претседателот на Евро-Самитот, со претседателот на Еврогрупата и со претседателот на Европската централна банка). Јункер има намера да се обрати на Европскиот парламент во Стразбур во вторник, наведува Еврокомисијата во соопштението.
Неуспехот на референдумот во Грција е силен удар за самата Комисија и за сите ЕУ-институции, со оглед на тоа што лично Јункер и другите високи претставници на ЕУ се вклучија во кампањата за референдумот во Грција, барајќи Грците да кажат „да“ на мерките за штедење и реформите, што не се случи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија