Европската комисија бара проширувањето да остане приоритет на ЕУ
Европската комисија денеска ги презентираше своите препораки за тоа кои треба да бидат приоритетите на следниот состав на европската извршна власт, оценувајќи дека проширувањето кон Западниот Балкан не треба да се запостави, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во пресрет на средбата на 27-те земји членки на ЕУ во романскиот град Сибиу на 9 мај, Европската комисија ги објави своите препораки за политиките кои смета дека треба да бидат приоритет за ЕУ со оглед на сѐ поголемата глобална неизвесност.
– Должност на секоја генерација е да ја смени судбината на Европејците на подобро, за да го исполниме нашето ветување за мир, напред и просперитет, изјави претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер,.
Документот насловен „Придонесот на Европската Комисија за стратешката агенда на ЕУ 2019-2024“ ги набројува клучните домени во кои Комисијата смета дека идниот состав треба да започне или да продолжи со работа, како и начинот на кој треба да се комуницира за Европската Унија со европските граѓани.
Иако од вкупно 82 страници, само неколку редови му се посветени проширувањето, тоа не изостана од овој стратешки документ, во кој Комисијата потсетува дека Европската Унија мора да ја зајакне својата положба во светот за да може да ги гарантира своите вредности, безбедност и просперитет.
Европската Унија треба да биде водечка сила во светот преку залагање за мултилатерален систем базиран на правила и да ги промовира своите темелни вредности – човековите права, владеењето на правото, одржливиот развој и почитување на меѓународното хуманитарно право.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи