Спорт плус
13. May 2018 - 12:15

Европска титула за Павлов

Емил Павлов се закити со титулата европски првак, во категоријата до 60 килограми, на континенталното првенство во карате што се одржува во Нови Сад.
 
Павлов, во финалето, со 3:1 го победи репрезентативецот на Италија, Анџело Крешенцо.
 
Претходно, до финалето, Павлов ги совлада Имрик од Словачка, Атар од Холандија, Дуловиќ од Црна Гора и Калнинс од Летонија.
 
Павлов во Нови Сад придодаде уште еден медал од европскте првенства во својата колекција. Тој во кариерата веќе има освоено едно злато и една бронза.