„Европска правда“: Украина во Џеда ги кажа црвените линии - не се откажува од членството во НАТО
На состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда, Украина јасно стави до знаење дека нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот мировен договор со Русија, пишува украинскиот весник „Европска правда“, повикувајќи се на неименуван извор.
Изворот запознаен со преговорите изјавил дека целта на средбата не била финализирање на поширок договор, а украинската страна ги информирала американските партнери за нејзините црвени линии.
Изворот наведува дека биле разгледани и други украински позиции за идните преговори.
„Постојат црвени линии за Украина, вклучително и фактот дека не може да има ограничувања за големината и опсегот на вооружените сили, како и забрана за учество на Украина во меѓународните организации, вклучително и ЕУ и НАТО“, рече изворот, додавајќи дека прашањето за членство во Алијансата го спомена и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, кој укажал дека Русија не смее да има право на вето за тоа.
На состанокот на украинската и американската делегација во Џеда во вторникот, Украина објави дека прифаќа 30-дневно примирје, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека се согласува со предлогот, но дека „постојат нијанси“.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз