-->
-->
,,Европска недела на спортот” во Берово
-->
Во рамките на „Европска недела на спортот” во Берово ќе се одржат пријателски спортски натпревари. Настанот, како што информираат од општина Берово, ќе се одржи в денеска со почеток од 10 часот.
-Во рамките на „Европската недела на спортот”, Општина Берово ги поканува граѓаните со спортски дух, заеднички да ги проследиме пријателските спортски натпревари во ракомет, фудбал, пинг понг и трчање на 50 метри. Пријателските натпревари ќе се одиграат на спортските терени во деветолетката „Дедо Иљо Малешевски”.
Претходно во рамки на „Европската недела на спортот”, како што додадоа, се одржаа штафетни игри со беровските првачиња.
Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места и во секакви услови. Крајниот ефект како што истакнаа орханизаторите е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци