Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделното заседание во Стразбур треба да гласа за одобрување на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен со мандат за следните пет години.
Сесијата ќе започне со тричасовна дебата на европратениците со Фон дер Лајен околу составот и програмата за работа на новата Европска комисија, по чие завршување ЕП ќе треба да гласа за нејзино одобрување во пакет.
За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство од гласовите на европратениците што ќе учествуваат во гласањето.
Одобрувањето следи откако во периодот помеѓу 4 и 12 ноември, сите кандидати за членови на ЕК беа сослушувани од страна на ресорните комитети на Европарламентот околу соодветноста и способноста да ги извршуваат должностите поврзани со ресорите што им се доделени, по што беа потврдени нивните номинации.
Согласно процедурите во Европската Унија по одобрувањето на новата Еврокомисија од страна на европратениците, Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство гласови формално ги назначува еврокомесарите. Се очекува целата постапка да заврши до крајот на месецов, со што новата Еврокомисија ќе стапи на должност на 1 декември.
Вака утврдената листа ќе биде проследена до Европскиот парламент на понатамошна процедура на одобрување на кандидатите и ќе биде објавена во Службениот весник на Европската Унија. Инаку, постапката на потврдување на еврокомесарите беше заокружена минатата седмица, откако по еднонеделни преговори трите групации од проевропско центристичко мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) минатата среда постигнаа договор за одобрување на шестмината кандидати за извршни потпретседатели на ЕК и на еврокомесарот за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји.
Согласно постигнатиот договор, СД се откажа од противење на одобрувањето на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), и на Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), а за возврат ЕПП се согласи за поддршка на кандидатурата на извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност, социјалдемократката Тереза Рибера Родригез.
Договор предвиде и одземање на ингеренциите на Вархеји за правата на сексуално и репродуктивно здравје и за подготвеноста и управување со кризи, како и за надзорот над Управата за подготвеност и одговор при здравствени итни случаи (ХЕРА). Овие надлежности ќе ги преземе Белгијката, Хаџа Лабиб, која ќе биде еврокомесарка за подготвеност, управување со кризи и еднаквост. Дополнително, договорот вклучува и Изјава за соработка меѓу ЕПП, СД и РЕ во имплементирањето на политичките приоритети за претстојниот мандат на институциите на ЕУ, со фокус на одржливиот раст, конкурентноста, подготвеноста, демократските вредности, дигитална транзиција и посветеност на „се поблиска Унија“.
Покрај за изборот на новата Европска комисија, европратениците денска треба да гласаат и за одобрување на Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 години. Доколку европратениците го одобрат предложениот буџет, претседателската на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш по гласањето ќе ја потпише одлуката за негово усвојување, откако тој претходно беше одобрен и од Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје