Европол: Во Европа дејствуваат 5.000 организирани криминални групи
На територијата на Европа дејствуваат најмалку 5.000 организирани криминални групи, се наведува во најновиот извештај на Европската полициска служба (Европол).
Во извештајот се потенцира дека посебно загрижувачки е тоа што овие криминални групи се повеќе се занимаваат со криумчарење на луѓе, шверц и породажба на дрога и кибер напади врз компании.
Европол посочува дека во текот на минатата година се идентификувани нови 17.500 лица осомничени за прекуранично криумчарење на луѓе, пред се илегални мигранти, Тие се додадени на листата на криумчари изработена во 2014 година, на која се наоѓаат имињата на над 50.000 лица.
- Гледаме докази за пораст на кримучарењето на мигранти, бидејќи криминалците во таа сфера видеа можност за брза заработка на пари, изјави при презентацијата на извештајот директорот на Европол, Роб Вајнрајт.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација