Свет
14. May 2017 - 13:27

Европол: Над 100 илјади компании во 150 држави погодени во кибер нападот

Европол соопшти денеска дека од кибер нападот погодени се над 100.000 компании во 150 држави. 

Компанијата Мајкрософт презеде необичен чекор нудејќи заради безбедност, и ажурирање на застарени верзии на својот ОС Виндоус. Мајкрософт пред завчерашните напади направи исправки само за постарите системи како што е Виндоус ХП од 2001 година и тие се бесплатни за сите корисници.

Нападите биле засновани на ранливоста на Виндоус. Мајкрософт објави дополнителни исправки во март, но компјутерите во кои не се вградени се предмет на нападот.

Малициозната програма преку мејл, блутут врска или на други начини влегува во компјутерските програми, ја користи таа слабост на софтверот и брзо се шири.