Европарламентот ќе одлучува за укинување на летното сметање на времето
Европарламентот денеска на пладне ќе одлучува дали ќе го укине летното сметање на времето.
Одговорајќи на граѓанските иницијативи и петиции, кои главно се насочени кон загриженоста за здравјето од ефектите од двапати годишно менување на начинот на сметање на времето, Комисијата за транспорт во Европарламентот подготви предлог-резолуција со која се предлага запирање на таквата пракса.
За предлогот главно се залагаат балтичките и скандинавските земји.
„Пролетните и есенските промени во земјите-членки на ЕУ се регулирани со директивата на ЕУ за летно сметање на времето. Треба да се одржува единствен временски режим во ЕУ, дури и ако се укинат промените на часот“, се вели во текстот.
Се очекува европарламентарците да ја повикаат Европската комисија да предложи укинување на летното сметање на времето.
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44