Европа внимателно, но тивко и нервозно ја следи ситуацијата во Шпанија
Европските официјални претставници внимателно, но тивко и нервозно, ја следат ситуацијата околу планираниот референдум за независност на Каталонија, а големиот одѕив, кој може да донесе позитивен исход од гласањето, може да ги охрабри и другите региони да планираат отцепување, коментираат светските агенции.
Трендот на сецесија на европскиот континент ќе ја изложи ЕУ на нов притисок и ќе донесе потенцијал за насилства, оценуваат агенциите.
Сепак, поголемиот дел од европските лидери се воздржуваат јавно да заземат став за утрешниот референдум.
И покрај тензиите зад сцената, тие не се подготвени да поддржат некоја од страните, било тоа да се каталонските сепаратисти или, пак, премиерот Маријано Рахој.
Поддршка на референдумот, иако тивко, покажа премиерката на Шкотска, Никола Стерџен, која рече дека е сосема легитимно Шпанија да се противи на независноста на Каталонија, но дека „правото на самоопределување е битен меѓународен принцип, и дека се надева оти тој ќе биде почитуван во Каталонија, како и на други места“.
Уште еден регион кој има тенденција за отцепување, Фландрија во Белгија, гледа на референдумот со надеж и има симпатии кон богатата Каталонија, која се жали дека ги помага сиромашните делови на Шпанија.
Италијанската десничарска Лига за север, која се залага за референдум за поголема автономија на Ломбардија и Венето, го осуди неодамнешното апсење на каталонски лидери.
Неочекувана поддршка на каталонското движење за независност даде и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој неодамна на референдум ги консолидира своите овластувања, но доби критика од владата на Рахој.
Светските агенции, забележуваат дека е многу воочливо молчењето на ЕУ во однос на развојот на настаните во проевропската Каталонија, особено што каталонските претставници ја повикаа ЕУ да посредува во спорот со Шпанија.
Одговарајќи на ова барање, Европската комисија повтори дека референдумот е внатрешно прашање на Шпанија и дека го почитува шпанскиот уставен поредок.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња