Свет
20. December 2017 - 13:38

Европа на мета на ракетите на Ким? - Министер за одбрана предупредува, може да го погодат Лондон!

Велика Британија не смее да се двоуми, таа мора да се справи со заканата од Северна Кореја и да ја спречи оваа земја да развие ракети што би можеле да го погодат Лондон, предупреди денеска британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон.
 
Тој, во интервју за „Livning standard“, изјавил дека режимот на Северна Кореја е „голема закана и вистинска опасност“ за Велика Британија.
 
„Заканите се прободуваат низ целиот свет, Велика Британија е глобален играч, Велика Британија никогаш нема да се двоуми да се фати во агресија и закани“, изјавил министерот.
 
Според весникот од Лондон, два брода на Кралската морнарица отпловиле да се приклучат на операциите на американската флота и другите сојузници во тој регион.
 
Неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „нуклеарна закана“ што ја претставува лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, Вилијамсон изјавил дека ова не е само американски проблем, туку глобален и Велика Британија, како што истакна, мора да преземе акција.
 
„Секогаш се подготвуваме за најлошото, и се надеваме на најдобро. Работиме со сите наши сојузници во регионот за да осигураме дека притисокот продолжува кон Северна Кореја“, изјавил Вилијамс како одговор на прашањето дали Британија се подготвува да се придружи на САД во решавањето на проблемот со Северна Кореја.
 
Британскиот министер за одбрана, исто така, изјавил дека британските вооружени сили се подготвени да одговорат на можниот терористички напад во Лондон или во други делови на Британија за време на празничниот период.
 
„Факт е дека тероризмот никогаш не спие, не им е гајле за празниците, не го почитува Божик, па нашите вооружени сили се секогаш будни“, заклучил Вилијамс.