Европа и регионот со рестриктивни мерки против есенскиот бран на корона
Нови рекордни бројки на ковид заразени во Европа и во регионот. Во Бугарија во последното денонокие се потврдени 1472 нови случаи од направени 8738 тестирања. Од денеска кај нашиот источен сосед задолжително е носење маска и на отворено.
Пред Министерството за здравство се одржа протест против новата наредба на министерот. И Словенците се противат на поригозорните мерки . За утре најавија протести пред ПАрламентот. Една од мерките е полицискиот час од 21 до 6 часот , за првпат воведен од Втората светска војна. Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1663 нови случаи. Висока бројка пријави и Хрватска –1563 новозарени и 13 починати , што исто така е ркорд во земјата. Засега кризниот штаб на Хравтска без нови мерки, но инсистира да се почитуваат постоечките мерки и ригорозно да се спроведуваат контроли.
Шокантни бројки објавија и Чешка И Полска. Чешка од денеска со нови порестриктивни мерки - ќе работат само супермаркетите и аптеките а само две лица од различни семејства смеат да се групираат. Во сила е и мерката за носење заштитна маска на отворено и во автомобили. Од утре уште еден италијански регион ќе воведе забрана за движење во ноќните часови . Уредбата со важност од еден месец го опфаќа и Рим.
Корона вирусот експлодира и во Белгија и Германија. Белгија забележа рекордни 13 227 нвоозаболени лица и 50 смртни случаи . Меѓу заразените е и министерката за надворешни работи.
Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа а Шпанија и Франција првите европските земји кои го надминаа прагот од еден милион случаи на коронавирус.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар