Кошарка
12. April 2016 - 13:32

Евролига:„1+3“ места за АБА лигата

Евролигата и раковдството на АБА лигата постигнаа договор со кој во наредните 4 сезони Јадранската лига ќе има загарантирано едно место во Евролигата и барем три во Еврокупот. 

Победникот во ова натпреварување ќе добие едногодишна Б-лиценца додека во АБА лигата се надеваат дека би можеле да изборат уште едно до две места во Еврокупот. 
Евролигата од наредната сезона ќе брои 16 екипи а најавено е можно проширување до 20 или 24 екипи.