Кошарка
13. April 2016 - 8:31

Евролига: Стартни победи за Фенербахче и ЦСКА Москва во четвртфиналето

Фенербахче и ЦСКА Москва поведоа со 1:0 во победи во дуелите со Реал Мадрид и Црвена Звезда во разигрувањето на кошаркарската Евролига. 
 
Во првиот меч од четвртфиналната серија, која ќе се игра до три добиени натпревари, тимот на ЦСКА до предност од 1-0 против Црвена Звезда стигна по победата со 84:74 на дуелот одигран во Москва. 
 
Водство од 1-0 синоќа оствари Фенербахче кој ја искористи предноста на домашниот терен и во Истанбул го победи актуелниот бранител на трофејот Реал Мадрид со 75:69. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за 25 минути имаше по 6 поени и 6 скокови.
 
Вторите натпревари меѓу овие тимови ќе се играат утре, повторно во Москва и Истанбул по што серијата ќе се пресели во Белград и Мадрид.
 
Вечерва на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели во кои, Лаборал ја пречекува екипата на Панатинаикос, а во Кубан кај Локомотив гостува Барселона.