Кошарка
20. April 2016 - 9:19

Евролига: Фенебахче преку шампионот Реал во полуфиналето

Екипите на Фенербахче и Лаборал изборија пласман во полуфиналето на Евролигата откако синоќа во третите натпревари од четвретфиналето ја постигнаа и третата победа и со 3-0 во добиени натпревари ги елиминираа Реал Мадрид односно Панатиникос.

Фенербахче победи на гости кај европскиот првак Реал Мадрид со 75:63, а Лаборал славеше на гостувањето кај Панатинаикос со 84:75. Двете екипи Фенербахче и Лаборал ќе играат меѓусебе во полуфиналето. Со пласманот во полуфиналето на Фенербахче македонскиот интернационалец во дресот на турскиот тим Перо Антиќќе има можност уште еднаш да се бори за шампионската титула откако претходно тоа го направи со тимот на Олимпијакос.

Барселона на домашен терен ја победи екипата на Локомотив Кубан со 82:70 и поведе со 2-1 во добиени натпревари. Натпреварот број 4 се игра во четврток на 21.април во Барселона. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против ЦСКА Москва, која со 3-0 ја победи Црвена Звезда.